витешки прид.

витешки (прид.)

Бетовен имал исто толку витешки поглед кон жените како и секој витез од средниот век.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Витешката покана ја добив поради неучество во масовен потег, кој ветуваше индивидуално бенефицирање.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Оној млад човек кој и додека чекори се чеша од стапалата до главата и назад ќе стигне до бедемите на друг град, и ќе посака таму да влезе, но ќе го убие еден витез, кој неколку дена пред тоа ја освоил својата сакана на витешки натпревар и ѝ испеал песна, со рими искажувајќи ја својата љубов.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)