брка несв.
брканица ж.

брка (несв.)

Нѐ бркаат отворено, велат, не знаеме што да правиме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еден војник истрча од патот и со вперен автомат почна да нѐ брка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И сѐ така: еден се губи зад ридовите, а друг веќе се крева и нѐ брка ко зајаци.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги извлекуваш стапалата од некои диви капини и папрати и не знаеш дали бегаш од некого или бркаш некого.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
После ќе ме бркаат и јас ќе паднам во некоја длабока дупка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Надвор кучиштата лаат подивено и како да бркаат нешто налетуваат.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Козарите ги забираат козите и ги бркаат подалеку од нас.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Чекаме и си ја бркаме работата што ни е.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зборуваше за некои луѓе што го бркаат, за некои луѓе што убиваат за пари, вели, ама не кажа кои се тие луѓе и што им погрешил за да го бараат под дрво и под камен.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Татко ми, дедо ми, предедо ми, ако се викале поради недоразбирање Бугари, тоа уште не значи оти и јас треба да сум како нив во мрак за мојата народност; ако се викале тие Бугари, тоа не значи оти ние ќе треба да престанеме да им веруваме на Русите за атер на разни Стамболовци и Свирчовци, наместо заедно со нашата пролеана крв ние да си го бараме правото од каде што треба, да допуштиме да ни се бркаат во работите луѓе што и самите не знаат што бараат; ако се викале моите дедовци Бугари, уште не значи дека јас имам право да ги експлоатирам македонските интереси со издавање весници, кои наместо да ги бранат интересите на нашиот народ – ги бранат бугарските и интересите на бугарскиот кнез.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Уште со видело фатија метериз во камењето над патот и ги видоа сите пазарџии како ги бркаат добиците, што побргу да го поминат ова страшно место, ако не сакаат да останат без ќесиња и без добици, а може некој и без глава.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Конзервативец е човек кој пропагира семејни и конзервативни вредности, а во меѓувреме дели тендери, брка швалерки, плаќа абортуси и нема ниедно дете, а од религиозност практикува само крст кој му стои закачен на ретровизорот од џипот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ако нема господ, зошто го бараат насекаде и зошто го бркаат од секој човек.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Та до скоро со пушка на рамо комитствуваше по Пелистер и ги бркаше зулумќарите, а сега одеднаш да стане селски предавник.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Публиката беше многу одушевена од снимките на еден огромен дебел човек што се обидуваше да отплива со еден хеликоптер што го брка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
ќе те дупат муви и горештината и ќе скапуваш, да не можеш да се мрднеш, и во Серес им ги турнавме куќите за да правиме окопи, и земјата е секаде празна, народот бега, а окопите ни беа покрај пругата, оти полето беше под вода, а почна и маларија, трески големи и секое утро врви човек и ти дава кинин во окопите и ние го пиеме ко ракија, а горчи, леле мајко и ти даваат некој пченкарен леб, може човек да отепаш со лебот и некогаш ќе сварат грав, ама грав нема, само неколку зрна се бркаат во казанот, и не можат да се сретнат, да се видат
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
— Тимјане, вика дедо. Војниците се вртат и — иш, иш, ни велат, нѐ бркаат ко кокошки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нешто ме тера да зборувам, да се отпуштам. Им кажувам на децата за комитите што ме бркаат од дома.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Врапчињата ги оставија стреите на селските кошари и копите со слама, каде што цела зима се тресеа од студ, и излегоа на слобода да ги бркаат бубачките и да прават меки седелца, во кои ќе ги одгледуваат своите мили рожби.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И пак ја земам цигарата в уста: пувкам и мавтам со рацете, го бркам чадот од пред очи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе