бам (изв.)

Бам по носот и се најдов долу.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А најдобро е да убие. Бам и...готово...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Абе ак си народен непријател, се знај шо се прај сос тебе... До ѕидче, бам и под земја.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Бам, бум, се крева земја, камења, чад. Од чадот ништо не се гледа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од другата страна пак некој затропа: - Бам-бам-бам-бам!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Го извадив пиштолот и — бам, бам, бам, — трипати испукав пругоре.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се затресла планината од пукање. Бам, бум, бам, бум! и од двете страни.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Еда, најдов само две, еда згодни буки, ба му ја, вели Давиде Недолетниот, ама едното е, еда, многу на сонце, вели, а другото е многу в осој, еда, под сенка, да му’бам мајката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го тресеше ќумезот како некое чукало на камбана! Бам! Бам! Се слушаше летањето!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)