бабичка ж.

бабичка (ж.)

Бабичката ја стави софрата и на неа ја поставија пченкарната погача.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Мојата кралица на постела лежи Лек за нејзе нема, главата ѝ тежи Дај помагај бабичке мила Ќе те дарвам со злато и свила.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Сликата што си ја замислив во мене создаде желба барем за миг да станам здодевен новинар што на бабичката ќе ѝ направи интервју од само едно прашање.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Некој се кара, некој пуши, некој што може да стои зафатил место додека крај него некоја бабичка или некој старец одвај се држат на нозе.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Го мразев и вирчето пред влезот на мојата зграда; и бабичката што проси пред него; и неа ја мразев, иако понекогаш ѝ фрлав паричка.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Поначесто, кога си одеше од работа, во џебот ќе ја тутнеше книгата што го интересираше и дома долго ја читаше, и покрај мрморењето на бабичката дека ја арчи струјата бадијала, кога знае дека денес ништо не е бадијала - ни струја, ни вода, ни ѓубретарина, ни пак лежарина за такви бадијалџии како него.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Бабичката, газдарицата на неговиот стан, кога го слушна страшното тропање на вратата, бргу скокнала од постелата и со влечка само на едната нога потрча да ја отвори вратата, придржувајќи ја од срам ношницата на градите; но кога отвори, таа се повлече назадечки, гледајќи го Акакиј Акакиевич онаков каков што беше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Види го ти мечаров! Бабичката му донесла зелник, тој стои како смрнат ќутук.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Бабичката ја зема торбата и вади од неа волнени чорапи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Ајде, не зјапај. Ти дошла бабичката да те види, да те прегрне.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Долго бабичката ќе прикажуваше, но дамкавиот ѝ приоѓа и замислено ја прашува кај ќе ноќева.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Одејќи долж широкиот булевар, на правливиот тротоар окупиран од паркирани автомобили забележав: бабичка си фатила свое ќоше и продава врзопчиња чај наредени на картонска кутија. Ги загледав чаевите.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
А бабичката пелтечи, не распознавајќи веќе ништо низ влагата на топлите солзи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Мајката ги моли: — Мили сестрички, мили мајчички, мили бабички!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Слушај, бабичке, ѝ рече строго, одвај задржувајќи се да не избувне, - немој светештва да ми шириш, знаеш со светците сме начисто.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Фатен во заграб со една бабичка, која се плаши да не ѝ се лизнат наланите на мразот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А народ: мажи, жени, деца, млади невести, подгрбавени бабички, старци со бастуни - пак ја посетуваат црквата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Оваа амалска активност никад не би ти сметала, ако у лифтот не ти се сопатници: Пакистанецот што копа на кари и ти диши у врат, малиот Кинез со уште помали ноџиња, бабичката што го носи на мочање мастифот што е голем ко липицанер...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Тој се замисли: - Ами ако те насмеам, бабичке, и тогаш ли нема да зборуваш со мене?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Човек со добро, меко срце е Гули. Секогаш прави чевли и за децата на комшиите, на една бабичка од Баир мало, тетка Добринка ако ја знајш, која едвај преживува - многу убај чизми му напраи. Беспари.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Повеќе