бабица ж.

бабица (ж.)

Појдовме кон градот задоволувајќи се со мали пакости: на кепецот костенџија му ја изгаснавме карбитената ламба, во отворениот прозорец на писарот и бабицата фрливме мртво глувче, на еден поп му рековме баксуз.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Работата на искусната бабица течеше со вообичаеното темпо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Бабицата ги отвори полните усни и покажа голем златен заб под темниот полумесец на мустаќите. Личеше на Козак од филм.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Апсењето на стариот крпач Адам го заборавија, бракот на писарот и бабицата тромаво и еднолично течеше - без разделба и без деца, агентот не претставуваше веќе никаква новост; се заситија луѓето од него како деца од дрвена играчка, скршена и деформирана, на која ѝ се излижала бојата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во таа година дебелиот општински писар се ожени за црната бабица Евдокија.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
За среќа и бабицата била со нас. Поврзана преку АФЖ.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
4. Ме учат сега да одам кај бабицата во Желево.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Трчаше старата Депа која беше како бабица во селото, де во една куќа, де во друга, де кај една жена, де кај друга, им помагаше да им се смират болките, да се породат полесно.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И сега сум патронажна бабица, секогаш во движење.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ја викнаа старичката Венда која во селото беше како бабица.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Утредента заминаа за Нови Сад. Во родилиштето речиси сите ја познаваа теренската бабица.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И повремено ја викаше бабицата Венда да ја види, да провери, да даде некој совет.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)