бабар м.

бабар (м.)

И бабари не поминаа. Немаше ни кој да го разгази снегот, ни зошто да го разгазува. Остана само ״фати глувче за опавче, фрли го во јазон и кани му од газон“ .
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во мигот кога невестата ќе го пречекори долниот бабар, гатачот го удира со стап и извикува: „Виде јајце в камара, ти се стори пладнина“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Бабарот оживува и сите го играат бабарското оро.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И така сѐ до смртта на долниот бабар, една од најубавите епизоди на нашата фолклорна ризница, во која телото на умрениот бабар симболички се распарчува; претходно, гатачот го обвинува домаќинот за смртта на бабарот: „Алему бале, пците му го клале, кај тебе ата ме најде, штета ми се штети, здрав го доведов другаров, а овдека мртов падна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И еве што напишав: Да земеме за пример само еден фрагмент од бабарскиот обичај денес.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Погледнав кон џипот; внатре, телото на Фискултурецот го притискаше телото на Луција; таа се бранеше (така барем мислам, но во ништо веќе не сум сигурен); јас зедов еден камен, го фрлив на покривот од џипот, а Фискултурецот се сепна; се сврте нагло кон грмушката, и јас видов дека на главата имаше маска; црна маска, бабарска, со четири дупки, за очите, устата и носот, четири дупки за три сетила; само очите му се гледаа, едното зелено, другото сино, и устата, и носот (дали го видов и тоа, или моите растроени нерви од ракијата и жегата ја произведоа и таа слика?); Викна: „Кој има таму“, а јас фрлив уште еден камен, и отстрана му го погодив фарот, и тој пукна, сол се стори.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И потем доаѓа благословот на бабарите: „Коклу клинци на вратата, толку синци во куќата; колку желки во полето, толку ќерки во куќата!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Потем доаѓаше уште една скаредност под маска, како симбол и посакување плодност; гатачот бара од домаќинот да ја надомести штетата за смртта на бабарот со овие зборови: „Ќе дајте една кора сланина, една бела погача ќе дајте една стара пара, наша млада да ви поскокнит, да му поскокни коњот на домаќинот“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Обредот беше прекрасно изведен, токму како во еден за мене познат опис на обредот: „Заумниот крик на бабарите (О,о,о!!!), пиштењето на гајдата, силна бучава на обесените ѕвонци и клопотарци и рафалниот татнеж на стаповите од вратата го најавуваат доаѓањето на поворката.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)