аташе (м.)
Воените аташеа, пак, знаеја дека има непријателски настроени петлиња кои не кукурикаат баш тогаш кога што треба.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Американските дипломатски претставници, аташеа и дипломати биле тие што ги собирале информациите од земјите во кои се наоѓале, преку официјални бизнис-контакти или повремено преку тајни состаноци.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Сите надежи на баба, за заминување на семејството во Турција и тамошен прифат, почиваа врз моќта на нејзиниот прв братучед Али Фетхи, по мајкина линија, кој по завршената воена гимназија во Битола (со Мустафа Кемал, негов најблизок, доживотен пријател) и Воената академија станува воено аташе во Франција (1911), потоа амбасадор во Софија (1913), крај Мустафа Кемал кој е воен преставник на Османската империја, потоа премиер на Република Турција, кога Мустафа Кемал станува претседател на Турската република, па потоа амбасадор во Франција, амбасадор на Турција во Велика Британија, па Претседател на Парламентот на Турција, Претседател на првата Либерална партија (1930), во обидот да се организира мултипартиски систем во новата Република.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Татковиот вујко Али Фети, кој ѝ служеше на Османската Империја како воен аташе во Париз и подоцна како амбасадор во Софија, потоа во владата на Изет-паша како министер за внатрешни работи, заедно со блиски унионисти (приврзаници на Унијата за прогрес и единство), ќе се крене против натамошно распарчување од тоа што преостана од Османската Империја.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се растрчаа конзули и аташеа да разберат што станало, ама немаше кој да им го задоволи љубопиството.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)