абаџија м.

абаџија (м.)

Лежев сраснат со грб за земјата кога Марко Марикин, самарџија, абаџија и некогашен црковен пејач, човек што има за сѐ свои и само свои причини, малку разбирливи за другите, почна да се смее и да се удира наведнат со дланки по колениците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Други, мајстори и абаџии, кроеле. така направиле мајчините голема гајда и ја качиле на врв планина.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И пак сета моја брада ќе ја напикаш во напрстокот на абаџијата Панчо Крстин од Кукулино.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Една убава, млада жена, менаџер на проектот, образложено ги потенцираше стратегијата и целите на нивната хуманитарна дејност, а јас се зачитав во записот на Коцевски за старите еснафи, за абаџиите, гајдарџиите, бешчиите, брдарите, демирџиите, екмеџиите...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Од кожарско-ќурчиската чаршија, од Капан-ан до Туз пазар, туфекчиската чаршија од Мустафа-пашината џамија, дуќаните и работилниците со ножови, сабји и друго оружје, до платнарите, абаџиите, бојаџиите, казанџиите, сарачите, јорганџиите, калајџиите, терзиите и кафтанџиите, сѐ беше на нога и траскаше, чукаше, коваше, тропаше, викаше, довикуваше, и повикуваше, а дуќанџиите шеткаа пред своите мали царства, не сакајќи да мислат на големото што ги беше поклопило и кое им ја пиеше и потта, и душата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)