Митровден м.

Митровден (м.)

Да си претставиме ние сега оти ја каде Митровден доаѓа меѓународен одред и ја окупира земјата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На Митровден секој домаќин ќе му даде по еден кутел жито.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се знае ли какви цвеќиња нема во планината од Ѓурѓовден до Митровден?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Целото лето и есента што шета Силјан со дуовникот и на ден Митровден си дошле во Прилеп и извадил дуовникот пари да му плати на Силјана ругата, колку што беше погоден.
„Силјан Штркот“ од Марко Цепенков (1900)
На петнаесет дена пред Митровден, народот што ја минуваше Жепа преку греди, малку погоре од градилиштето, забележа првпат дека од обете страни на реката, од темносиниот камен од шкрилци, се задава еден бел мазен ѕид од делкан камен, преплетен од сите страни со скелиња како со пајажина. Оттогаш секој ден растеше мостот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ене го, пред Митровден, дошол навалеџијата да бере арач.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Анџак мене на Митровден ми излегуа меѓата во манастирот, да не се главуам пак.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И кога на Митровден ги намнисуваа браќата Сукаловци за некоја селска работа, Стојо бегаше Опстраница и таму оставаше цела недела и две, а Илко се изговараше дека без бацка си Стоја тој ништо не знае.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нека ни е добра мисла и нека ни се живи дечињата да си а собереме седбичката, благотичката, ете бостанец, царевчичка, градинки, лозјенца, едвај ако можеме тиа работи да и потиснеме и еве ти го, Митровден дошол.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ете, Митровден е близу, да собереме шо дал господ, па имаме и три куќи, сакате излезете вие, сакате да излеза јас, да не нѐ носат светот отпазар — напазар, — рече Стојо со тага на душата и длабоко се издиши.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Баба Анѓа рече дека имало насадено и струмичиња, ама тие ќе цутат подоцна, за Митровден - митровденско цвеќе.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Дека ходиш, лепа Гроздо?“ „Гледаш, ручек носам, кога ште е наша сватба?“ „Скоро, Гроздо, скоро, лепа, скоро крај Митровден.“
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
ЗАФИР: Толку, побратиме. До Митровден токму уште месец.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)