Либан име.

Либан (име.)

Преживеа десетина атентати, смртоносни авантури, истребувачките борби во Либан, чести обиди за ликвидација, среќен пад од авион.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ќе се најде со семејството во егзил во Либан, каде што за првпат ќе го разбере значењето на зборот татковина, потоа на зборовите, војна, бегалци граници, чија реалност ќе го следи до крајот на животот...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Советскиот Сојуз, Југославија и Либан, од друга страна, се земји без национална кохеренција и исто така се непостојани.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но пред да пламне граѓанската војна во Либан и откако ги истераа Палестинците на чело со Арафат на кафеанчето му беше променето името во Либански рај.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во април 1975 година почнува граѓанската војна во Либан.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Израелската инвазија во Либан во јуни 1982 година според Арафат во извесна смисла беше впишана во договорите во Кемп Дејвид.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ерик Руло продолжи да го анализира и аргументира своето тврдење со споредбата меѓу либанската и југословенската ситуација.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Набргу како југословенски амбасадор во земјата на Хабиб Бургиба, во која беше засолнет Јасер Арафат, по напуштањето на Египет и Либан кога го призна Израел, Југославија имаше повеќе пријатели надвор од нејзините граници отколку на нејзините граници.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Многу трговци, многу излагачи од далечниот Северен Виетнам и Северна Кореја, и тие од Индија, Либан, Балканот, Средна и Северна Европа, па и тие од СССР, Западна и Источна Германија, од Англија и САД, сите ги затворија саемските книги во Лајпциг со релативно задоволителни резултати.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тито го повика првиот претседател на Република Тунис (втора република во Африка по Либан) на самитот на неврзаните во Белград во 1961 година.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)