чувствува
чувствуваат; чувствувам, чувствував, чувствуваш, чувствуваше; чувствувал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 171
1.
Испитува, доживува некакво чувство.
Примери:
Чувствува радост, мака, жал, омраза и сл.
Слично со:
осетува (несв.)
2.
Сеќава, има некаков усет примен со сетилата.
Англиски:
sense
Албански:
sens, ndjenjë
Чувствува физичка болка, глад, премореност и сл.
Чувствува мирис.
Тој чувствуваше дека му лази нешто топло по грбот.
Слично со:
сеќава (несв.)
3.
Сознава, станува свесен за нешто.
Примери:
Тој чувствуваше дека не ќе може да издржи до крај.
Слично со:
сознава (несв.)
4.
насетува
Англиски:
foresee
Албански:
parandjenë, parashikon
Чувствував дека стоиш зад мене.
Зар не чувствуваш дека ќе се случи нешто лошо?
Слично со:
насетува (несв.)