а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

распише

распишат; распишал; распишан
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 18396
1. Објави по писмен пат.
Англиски: write out Албански: shpall
Примери:
Распише заем, конкурс, избори за одборници.
2. За перо, молив - направи добро да пишува.
Албански: shkruaj mirë
Употреба: Разговорно
Примери:
Го распишав пенкалото.
3. Избрише нешто напишано, отпише.
Англиски: write off Албански: fshij
Употреба: Ретко
Примери:
Ако пишал Господ, да распише.
4. (се распише) Почне многу да пишува, се занесе во пишување.
Англиски: write Албански: shkruaj shumë
Примери:
Не знам што ѝ е, нешто многу се распишала.