а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

подзакрепи

подазакрепат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Закрепи, потпре малку.
Англиски: support Албански: mbaj, ndihmoj, përkrah
Примери:
Го подзакрепи стариот да се качи по скалите.
2. Прицврсти малку, привремено.
Англиски: fix Албански: riparoj
Примери:
Ги подзакрепи ќерамидите да не паѓаат.
3. (се подзакрепи) Се задржи, се придржи малку.
Англиски: support Албански: mbahem, mbështetem
Примери:
Едвај се подзакрепи на оградата да не падне.
4. (се подзакрепи) се поткрепи, зајакне, се зацврсне
Англиски: strengthen Албански: forcohem, konsolidoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Аргатите се подзакрепија малку со лепче и сиренце и пак станаа да жнеат.
Изведенки
подзакрепува несв.
(се) подзакрепуваат