остриже
Види и:
стриже (несв.)
острижат; острижи, острижете; остригов, остригоа; остригол, остригле; остриган; (ќе) острижев, (ќе) острижеа; (ќе) острижел; острижен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 17918
1.
Отстрани коса некому сосема.
Примери:
Војниците ги остригоа до гола кожа.
2.
За животни – отстрани дел од руно.
Примери:
Овците ги остриговме со посебна машина за стрижење.
3.
(се остриже) Си ја скратил косата.
Англиски:
trim
Албански:
qeth, shkurtoj
Се остригол, се избрикол, се дотерал за на оро.
Изведенки
1.
остригува несв.
(се) остригуваат
повт.
(се) остригуваат
повт.
2.
острижува несв.
(се) острижуваат
повт.
(се) острижуваат
повт.