а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

обуе

обујат; обуј, обујте; обув, обуја; обул; (ќе) обуев, (ќе) обуеја; (ќе) обуел; обуен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 8567
1. Стави обувки или чорапи на нозете некому или себеси.
Англиски: put on shoes Албански: mbath
Примери:
Ги обу новите чевли со високи ѓонови.
На децата им обу волнени чорапи.
2. Снабди со обувки некого.
Англиски: buy shoes Албански: mbath
Примери:
Немаше пари да ги облече и да ги обуе децата.
3. (се обуе) Си стави обувки или чорапи на нозете.
Англиски: put on shoes Албански: mbath
Примери:
Почекај ме да се обујам.
Детето се обу и истрча надвор.
4. (се обуе) Се снабди со обувки.
Англиски: buy shoes Албански: mbathem
Примери:
Со парите што ги заработив, се облеков и се обув.
Изведенки
1. обува несв.
(се) обуваат
2. обување ср.
глаг. им.