несреќа
мн. несреќи
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 867
1.
Лоша среќа или лоша судбина.
Англиски:
misfortune
Албански:
fatkeqësi
Алкохолизмот е голема несреќа во семејството.
Спротивно од:
среќа (ж.)
2.
Лош настан што предизвикува голема, тешка загуба; лоша случка.
Англиски:
accident
Албански:
fatkeqësi, aksident
сообраќајна несреќа
авионска несреќа
Слично со:
незгода (ж.)
Изрази
За несреќа (воведен израз во реченица за изразување жалење, сожалување) - за несреќа, таму немало никој да им помогне.