а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

напира

напираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 27980
Притиска, силно настојува, се стреми да се пробие, да се пројави.
Англиски: press
Примери:
Силно напираа да ја отворат портата.
Низ февруарскиот студ напираше сонцето и го топеше снегот.
Зборовите сами напираа да го каже тоа што долго го премолчувал.
Под облеката напираше мускулестото тело.
Изведенки
напирање ср.
глаг. им.