надвисне
(се) надвиснат; надвиснал
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 18830
1.
Виси над нешто, се најде над нешто.
Примери:
Над речниот брег (се) надвиснале стари врби.
Капините (се) надвиснале над патот.
Сиви облаци (се) надвиснаа над градот.
Месечината (се) надвисна над езерото.
2.
Се наведне над некого, над нешто.
Примери:
Мајката (се) надвисна над расплаканото девојче.
(Се) надвисна над прозорецот.
Двајцата (се) надвиснаа преку кајчето.
Слично со:
наведне (св.)
3.
Се наоѓа, е изграден сосема близу нешто, над нешто.
Примери:
Карпите (се) надвиснале над патот.
Новата зграда што (се) надвисна над реката ни го затвори погледот.
4.
Се закани, навести нешто непријатно, лошо.
Примери:
Над нив (се) надвисна опасност од болест.
Над работниците (се) надвисна страв дека ќе бидат отпуштени од работа.
Изведенки
1.
надвиснува несв.
(се) надвиснуваат
(се) надвиснуваат
2.
надвиснување ср.
глаг. им.
глаг. им.