колач
мн. колачи
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 5092
1.
Слатко печено тесто, направено од меко брашно со млеко, јајца и масло, обично исполнето со фил.
Примери:
Ги пречека гостите со колач и кафе.
За појадок имаше колач cо бадеми.
Вид: десерт (м.)
2.
(обично мн.) Слатки испечени од парчиња од такво тесто.
Примери:
суви колачи
коледарски колачи
колачи со крем
чоколадни колачи
3.
Обреден леб испечен за некои празници од меко брашно во облик на круг, обично со украси од тесто на површината.
Примери:
Попот одеше во обиколки низ селото за крштевање вода, кршење колач и светење масло.
божиќен колач
велигденски колач
свадбен колач
4.
Тој што коле добиток или живина за месо.
Англиски:
butcher
Албански:
therës, kasap
Слично со:
касап (м.)
5.
Убиец што ја коле својата жртва.
Англиски:
slaughterer
Албански:
kasap
За време на војната тие беа опасни и крвави колачи.
Слично со:
убиец (м.)
Изведенки
колаченце ср.
мн. колаченца
дем. и хип.
мн. колаченца
дем. и хип.