а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

како

Вид збор: Прилог
Ранг: 61
1. Прашален прилог, укажува на начинот на вршење на дејството и состојбата во директни прашања.
Англиски: how Српски: како Албански: si Бугарски: как
Примери:
Како сте?
Како ви текна?
Како да ти кажам?
2. Во индиректни прашања.
Англиски: how
Примери:
Му покажав како да работи.
3. За иcкажување споредба.
Примери:
Како намислиле така и сториле.
4. За опфаќање два поима, две содржини; и...и.
Примери:
Им подели како нему така и на другиот.
5. За изразување на чудење или несогласување.
Примери:
Како! Зар не бевте таму?
Како да не се лутам?
6. За изразување можност, веројатност; можеби.
Примери:
Како да сакаше да влезе во дворот.
Изрази
Како-годе; како било - на кој било начин, како и да било, сеедно како.
Како-годе; како било - некако, на некој начин.
Било како било - сеедно како, макар и така како што се случило.
Како каде - понекаде, не секаде.
Како сакало било - сеедно како ќе биде, сеедно што ќе се случи.
Како (да) не! - секако, се разбира.
Како (да) не! - не е така, не е точно.
Уште како! - многу, во полна мера.
Уште како! - за истакнување одлучност; со сигурност, без cомневање.