а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

врти

вртат; вртев, вртел; вртен
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 486
1. Доведува нешто во кружно движење.
Англиски: revolve Албански: rrotulloj
Примери:
Грнчарот го вртеше колцето со нога.
Врти клуч да отклучи.
Врти сврдел.
Врти волан.
2. Менува правец, се движи, оди на некоја страна, околу нешто.
Англиски: turn Албански: rrotulloj
Примери:
Тие таму вртат за дома.
Патот врти на неколку места.
Орелот врти над карпите.
3. Менува положба.
Англиски: turn Албански: rrotullohem, kthehem
Примери:
Врти глава.
Врти поглед.
Врти со очите наваму-натаму.
4. Мести, поставува на обратната страна, превртува (месо, палачинка).
Англиски: turn Албански: rrotulloj
Примери:
Ги врти палачинките во тавата.
5. Прелистува страници.
Англиски: turn Албански: shfletoj
Примери:
Ги вртат листовите од тефтерите за вересиите.
Ги врти страниците од книгата.
6. Пренасочува некого во дејствување, во однесување, во разговор.
Англиски: lead Албански: drejtoj
Примери:
Го врти на прав пат.
7. Работи, стопанисува, се занимава со нешто.
Албански: rrotulloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Врти дуќан.
Врти трговија.
Врти куќа.
8. Вложува пари во трговски и други зделки.
Англиски: turn Албански: rrotulloj
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Врти големи пари.
Во таа работа вртат голем капитал.
9. Чувствува болка.
Англиски: hurt Албански: shpon, prek
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ме врти коленото.
Го вртат коските.
10. Искривува, изопачува факт, смисла.
Англиски: turn Албански: rrotullon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ги врти зборовите како што му одговара.
11. лаже, мами
Примери:
Таа го врти како што сака.
12. Непотребно задржува, вртка некого.
Англиски: distract Албански: hutoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Немој да ме вртиш, имам работа.
13. (се врти) Се движи во круг околу оската, се движи околу нешто.
Англиски: rotate Албански: sillet
Примери:
Колцето се врти.
Се врти околу црквата.
14. (се врти) Се насочува на некоја страна.
Англиски: turn Албански: kthehem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се вртат накај сонцето.
Се врти на другата страна.
15. (се врти) Немирно седи, лежи.
Албански: rrotullohem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Само се врти, не може да заспие.
16. (се врти) Се менува, не е постојан.
Англиски: turn Албански: kthehet
Примери:
Смеата се врти на плачка.
17. (се врти) За расправа, разговор - се води околу нешто.
Англиски: discuss Албански: sillet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Расправата се врти околу платите.
Разговорот се врти околу распределбата на становите.
18. (се врти) Го поминува времето, обично се наоѓа, е некаде.
Албански: sillet
Примери:
По цел ден се врти во дуќанот.
Тој таму не се врти, ретко наминува.
19. (се врти) Се вртка, се задржува непотребно.
Англиски: wander Албански: bredh
Примери:
Ај, да не се вртиме повеќе, да одиме веќе.
20. Мести, поставува на обратната страна, превртува (месо, палачинка).
Англиски: turn Албански: rrotullon
Изрази
Врти грб - остава на цедило, се откаже од некого.
Врти пари - штеди, не троши неразумно.
Врти душа - жив е.
Се врти каде што дува ветрот - се приспособува кон нешто; си го менува мислењето.
Ми (ти, му ...) се врти во главата - мисли на нешто, размислува упорно за нешто.
Врти-сучи - не кажува веднаш што сака, ами обиколува.
Изведенки
вртење ср.
глаг. им.