а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

виси

висат; висел
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 1580
1. Стои закачен, обесен на нешто без потпора од долната страна.
Англиски: hang Албански: var
Примери:
По чардаците висеа низалки со риби.
Две слики висеа на ѕидот.
На ластарот висеше еден прекрасен голем грозд црно грозје.
2. Лошо стои, лошо паѓа надолу, олабавен, отпуштен паѓа надолу.
Англиски: hang Албански: var
Примери:
Ракавите на мантијата му висеа на попот како скршени крилја.
3. Стои, е наднесен над нешто.
Англиски: hang Албански: qëndron
Примери:
Чардаците на куќите висеа над патот.
Ресите на жалната врба висат над езерото.
4. Плови над нешто без никаква потпора.
Англиски: hang Албански: lundron
Употреба: Преносно значење
Примери:
Црни облаци висеа над градот.
5. Стои, се задржува на некое место подолго време, обично без работа.
Англиски: hang around Албански: qëndron
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
На станицата висеа некакви сомнителни луѓе.
6. Е неизвесен, несигурен.
Англиски: hang Албански: pasigurt
Примери:
Тоа прашање подолго време висеше во воздухот.
Виси на конец - е несигурно.
Ми виси над глава - е во некаква опасност; некое прашање е многу актуелно за поединецот.
Изведенки
висење ср.
глаг. им.