па (сврз.) - стане (гл.)

Кочо поседе малку тука, сѐ во оној тегобен настрој што го гореше однатре по целиот пат, па стана.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Со едно, навидум отсутно движење, тој ја поттурна пред другите, зеде и самиот една, па стана и почна бавно да чекори горе-долу, како стоејќи подобро да размислува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Почина малку, задржувајќи ја мислата за пушката подгреана, па стана и појде да го пушти добитокот на поило.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Добро е, - рече, - добро се сврши, уф! - просто офна тој, па стана и почна да се валка низ тревата, да кубе папрат, да клоца со нозете, да се смее.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Пукај, пукај, па стани, претрчај и пак легни.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во тоа време сите куќни луѓе биле по работа в поле, само Босилка била дома и како што си го низала ѓерданчето, го оставила на ругузина па станала да ги види в куќа свињите, нешто пакост да не сторат.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Легнав – па станав и продолжив. Ми се чинеше дека ме крена од земја.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- О! - извика мајка му, па стана и го крена капакот од тенџерето што беше врз печката. А во тенџерето - ни капка вода.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)