и (сврз.) - гнев (имн.)

Дел што никогаш повеќе нема да ја има истата форма и никогаш повеќе нема да го имам за себе.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Индигнација, лутина и гнев скриени во сечилото преточени во охрабрувачки занес, злобна алузија за да го казнам просторот и времето околу себе, а претворам во ужас дел од сопствениот хабитус и свесно правам деперсонализација, обезличување на душата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Жедта ја зголемува и гневот заради неправдата сторена со дарванските води.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А и неспокојот одамна не му го напуштил срцето. Неспокојот, чувството на вина и гневот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Како што забележува Фелоус, неа ја поддржуваше Гари Хеј, основоположникот на современото геј-движење во САД и главниот извор на инспирација за Радикалните самовили.338 А и натаму цути во неколку значајни школи на современата машка геј-духовност, кои во геј-мажите гледаат современи шамани, потомци на народните исцелители, пророци и врачеви кои во многу општества си ги црпат проникливоста, моќта и верскиот авторитет од впечатокот дека во нив се споиле двата духа на машкото и на женското (254, 262, 244–246, 281 n17).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Претставата дека лезбејките и гејовите денес треба да се сфаќаат како припадници на трет или на четврти пол или род доживува некаква преродба во многу полиња на поновите квир- и трансродови изучувања.339
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Лесно може да се замислат запрепастеноста и гневот на стоунволската генерација поради ова враќање на потиснатото во полето на машката геј- самоидентификација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Можно ли е дека биле во право ужаснине многузналци и дека хомосексуалците навистина се ’третиот пол?‘“ прашал со неверување Едмунд Вајт уште во далечната 1969 година.340
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)