а (сврз.) - ете (чест.)

Грлото му се исуши, не може плунката да си ја голтне, а ете Бојана, проклета Бојана, пак го праша: — Тебе те прашам, море сому, шо не кажиш кај одиш? — и пак се насмеа сама и застана пред магарето да не може да помине.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На рацете нема да залулам внуче, а ете, каде ме остави, каде?!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Беше сигурен дека ќе ги качат на бесилка. А ете ги пак во судот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А ете, Марша го поттикна. Го разбуди. Му доплати на адвокатот. Се поздрави со него. Си замина.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- А ете, како што гледаш, Пандо, пак се враќаме онаму.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А ете, јас сум слушнала дека најголем дел од копитарите, ако не го излижат малечкото веднаш откако ќе го родат, ако не го обележат со својата плунка, со тој знак кој ним самите им вели: ‘Ова е мое, ова сум јас,’ тогаш го отфрлаат новороденото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа ќе се влече по нив, ќе моли да цица, но мајката грубо ќе го оттурне. Ќе го осуди да умре од глад.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Да е жив тој што ме оживе, ми вели, а ете, сега нема кој да го оживи.“
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)