најпрво (прил.) - ќе (чест.)

Најпрво ќе ти каже дали кај таа девојка имаш шанси или не, а потоа ќе ти објасни на кој начин да постапиш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Бидејќи брзината на светлоста е поголема од брзината на звукот, најпрво ќе светне, па дури по некое време ќе згрми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мене тие нешта не ми се баш јасни, колку и да се трудам да ги сфатам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Бројката сосем го обзема, му поигрува во главата, му прелева врелина и пот, па тогаш со сигурност и со нетрпение почнува да пресметува: најважно и најпрво ќе направи куќа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но, најпрво ќе морате да ми ветите дека цврсто ќе верувате во сè што ќе ви речам.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Да не беше оваа војна во Босна и што знам јас уште каде не е, секако дека најпрво ќе одевме на Јадранско море, па потоа селско - планински туризам, но ете, проклета војна!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ти, Бреза, малку да не се зафркаваш со мене?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А и овие Грциве, ја затвориле границата и не можеме ни на тоа море да одиме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)