како (прил.) - пеперуга (имн.)

Златко потрча преку ливадата. Се чувствуваше лесен како пеперуга.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Направила нов фустан, без ракави и одгрлен, сета е како пеперуга.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ги привлекува витките, јадрооки девојки со скапи подароци: ѓердани, позлатени гривни, свила и чоја и така лесно, како пеперуги во оган паѓаат во неговата шепа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)