Доста се таквите жални резултати од врзувањето на нашите интереси со туѓите за да се убедат мнозина дека нашиот спас е само во националниот и религиозниот сепаратизам.
               
             
           
            
            
              „За македонцките работи“
               од Крсте Петков Мисирков 
              (1903)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
               
                  А момчето исправено и загледано во морето  не кажува ни три збора:  доста се два, помислува, можеби  не кажува и два, достатен е еден,  помислува, можеби,  не е неопходен и тој,  помислува, можеби  - тишината е нашиот мајчин јазик.
               
             
           
            
            
              „Две тишини“
               од Анте Поповски 
              (2003)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
               
                  ЈОРДАН: Де! Де! Триест лири за Симка и дваесет за свадба, доста се. Педесет лири не се многу...
               
             
           
            
            
              „Печалбари“
               од Антон Панов 
              (1936)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
               
                  Го галам неговото осле,  покротко и од него  и само го прашувам и препрашувам  каде се, кај се откорнале луѓето,  кај отишол и Господ-бог прашувам?
               
             
           
            
            
              „Две тишини“
               од Анте Поповски 
              (2003)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
               
                  Колку те гледам, сѐ полична стоиш. И лицето ти е денес друго: радосно, моминско, младо невестинско!...
               
             
           
            
            
              „Печалбари“
               од Антон Панов 
              (1936)