Често канџите, место риба, ќе извлечкаа и езерски тревје и алги од дното; гледајќи ги нив, Висар помислуваше дека заедно со тревјето може да се запне и шишето со бесмртната вода: затоа кога нешто тешко ќе влечеа со канџите, срцето му трепереше; ги спушташе канџите што подлабоко кон дното на езерото и му велеше на Трајана:  „Може ли канџите да закачат шише од дното на езерово?“
               
             
           
            
            
              „Свето проклето“
               од Јован  Стрезовски 
              (1978)