љубовен (прид.) - средба (имн.)

По секоја љубовна средба, жената се прекрстуваше, ја бацуваше иконата на Архангел Михајло да ѝ прости и радосна излегуваше на чардакот од куќата и чинеше: Хи-хи-хи, хо-хо-хо, слично на кикарење од кокошка.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
После многу нѐ караше. — Не сте овдека на свадба, ни вели, не сте на излет, не сте на љубовна средба.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)