љубовен (прид.) - однос (имн.)

Да го земеме предвид она што се случува во љубовниот однос, или во бракот, кога станува збор за вечниот триаголник.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
В ред, в ред, во создавањето на таа фама (дека Ѓурчин ми е татко) не треба да го минимизирам ни учеството на мајка ми, поточно начинот на кој таа се однесуваше кон тврдењето на Огнена Гулева.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ако А и Б се љубовници, а Б и Ц имаат одреден однос, а притоа А смета дека постои само односот А и Б, тогаш настануваат неверството, измамата, љубомората.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Бев уверен дека таквите конструкции веројатно шетале од уста до уста, особено во деновите по моето раѓање што се поклопуваше и со деновите на ослободувањето, кога веројатно се прераскажувало учеството и на мајка ми во воените случувања.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Безвластието на љубовните односи ритамот на страста и магијата. Почетокот на светот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ми се беа врежале во споменот сите оние бладања на Огнена Гулева за ноќите под Сина Скала, кога во нашата куќа престојувала групата борци.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Потоа она нејзино наметливо заблазнување заради некои божем неспорни љубовни односи помеѓу мајка ми и Ѓурчин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)