Слично посакувал и Рудолф II: духовно-политичко соединување на “диспаратното” во неговото загрозено царство, една Европа која додуша е плуралистичка што   се   однесува   до   нациите,   региите, вероисповестите, племињата, но која пронаоѓа надрелативно единство во интелектуалното соединување на сите спротивности; интересно е што Рудолф II не е фасциниран со сликата за Перикловата Атина или августовскиот Рим, кои се узори за секоја класика, ниту пак ја толерирал состојбата in politicis; него го обзема Александрија од времето на “Musei- on”, тогашната заедница (на државна сметка) на учени луѓе, и Хадријановиот Рим каде што настанал Пантеон, симбол на синкретизмот.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА  бр. 26-28“
              
              (1996)