темен (прид.) - ходник (имн.)

Кога чул за настанот со бикот, срипал и со возбуда раскажал дека од темните бунари на подземниот град Деринкују во Кападокија, пред една година, со нечуена рика излегол бик, онаков каков што го опишувале, поминал низ длабоките и темни ходници на градот, се упатил кон снежните врвови на високите планини и таму исчезнал.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Од темниот ходник придојде матна парталеста маса од затвореници, се збираше во средината на каушот, се брануваше, се растегнуваше возбудено.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Масата на која ги пишувам изјавите повеќе е осветлена од претходната ноќ.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А потоа минувам низ тесен темен ходник.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Секогаш кога влегувам во просторијата за сослушување иследникот стои пред прозорецот со грб свртен кон вратата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ја однесе низ темниот ходник заедно со другите жени и на крајот ги внесе во заедничка спална, каде што болничарките ги собраа покривачите од креветите и почнаа да ги местат постелите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Набрзина ѝ објасни дека по пат ѝ се расипал автомобилот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И дека распоредот на кујна плус купатило плус светли и темни ходници во нашата колективна свест е горе-долу ист како и во нивната?
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)