работен (прид.) - стаж (имн.)

Меѓу- тоа, пролетта 2003, Божиновски забележува дека наместо 12% зголемување на основната плата (по 0,5% за секоја започната година работен стаж, според Колективниот договор на ниво на работодавач, како и според Правилникот за плати, надоместоци и други лични примања донесен од УО на претпријатието), тој добива само 0,5%!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имаше остварен работен стаж од 28 години во истото ова претпријатие, кадешто работеше како комерцијалист.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Проблемот на Анчевски со фирмата почнува од април 1997, кога работодавачот престанува да врши уплата на задолжителното пензиско и инвалидско осигурување кое трае нешто повеќе од три и пол години – сѐ до април 2000.3 Согласно тогашните важечки законски прописи, кои веќе не се на сила, на Анчевски му престанува работниот однос по сила на закон (ex lege) поради навршување 40 години работен стаж.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во него има застарена технологија и недостиг на елементарна ИТ опрема.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Вујошевиќ има склучено договор за вработување на неопределено време и, пред да настане конкретниот спор, таа веќе имаше остварено работен стаж од 17 години во истата организација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Значи, судската одлука е извршна ако станала правосилна и ако истекол рокот за доброволно исполнување на должниковата обврска.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На странката која признава – понатаму не ѝ се суди! (Ulpianus – D. 9,2,25,3)
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во оваа фабрика, која е најпозната по производството на прашоци и детергенти, беа вработени околу 1.500 работници, а Х. Џ. пред настанување на подолуопишаниот спор имаше работен стаж од 26 години во истото друштво.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Инспекторот на трудот, со решение, ќе го забрани вршењето на работи на работодавачот ако не води, неправилно води или злоупотребува електронско евидентирање на полното работно време и на прекувремената работа (чл. 259, ст.1, ал.4 од ЗРО). 256
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А овој рок тече од денот на доставување на одлуката до должникот (чл. 14, ст.1 и 3 од ЗИ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работодавачот ПЗУ „Градска аптека“ беше задолжен, во рок од осум дена од правосилноста на Пресудата, на Папазова – како поранешен вработен, да ѝ исплати главен долг во износ од 56.040 МКД (околу 920 ЕУР), зголемен за законската казнена камата, и тоа по следниве пет основи: а) на име разлика за помалку исплатени плати – сума од 21.169 МКД; б) додаток на нето-плата за признат работен стаж [т.н.„минат труд“] – сума од 15.670 МКД; в) неисплатена хранарина – сума од 10.000 МКД; г) додаток за патни трошоци – 7.851 МКД; и д) работа на празник – сума од 1.350 МКД.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ваквата ситуација продолжува сѐ до 2005, кога 264 почнуваат да важат новите законски решенија од трудовоправната сфера, со што границата за пензионирање се помести за цели четири години (од 60 на 64 за мажи) и воедно се помести и правото за добивање надомест до пензија, во случај работникот да биде прогласен за „технолошки вишок“ а има одреден број години работен стаж.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Парничните трошоци на спорот во оваа правна работа – судски, адвокатски и странкарски – изнесуваа вкупно 32.200 МКД (530 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако, поради промена на работодавачот, од објективни причини се влошат правата од договорот за вработување и работникот затоа се откаже од договорот за вработување – работникот има еднакви права, како да го откажал договорот за вработување од деловни причини.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Пред настанувањето на спорот тој имаше работен стаж од 25 години а, според систематизацијата на работните места, работеше како електротехничар во „Охис Пласт М“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работникот Н. Н. од Скопје (сега 58-годишен) беше вработен на неопределено време во ОП „Водостопанство Вардар“ – Скопје, кое се занимава со производство бетонски блокови, вадење и дистрибуција на песок, нискоградба, улици и патишта, како и одржување на системи за наводнување и одводнување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Пред настанувањето на работниот спор тој имаше работен стаж од 29 години во друштвото а, според систематизацијата на работните места, работеше како електротехничар – погонски електричар.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во мај 2002 стигна известување за можност за преместување на ново работно место како проценител на штети и ризик – во Секторот за големи клиенти, каде му беше понудена и поголема основна плата (околу 30.000 МКД).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во овој прв бран масовни отпуштања Божиновски, за среќа, останува во компанијата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
72 Зефиќ против Затвор Скопје Спор за утврдување ништовност на прераспределба 1 Qui provocat nondum damnatus videtur Кој изјавил жалба – сѐ уште не се смета за осуден! (Ulp. – D. 48,19,2,2) Биљана Зефиќ од Скопје (сега 49-годишна) беше вработена со договор за работа на неопределено време во Казненопоправната установа „Затвор Скопје“ – правно лице од областа на јавното право, востановено со закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работничката Сузана Костадиновска (сега 49-годишна) рабтеше во Друштвото за угостителство и трговија Михајло, Вангел и др. (увоз-извоз) – „Спектар“ ДОО Битола, со договор на неопределено време од 1984 до 2005 година, односно имаше 21 година работен стаж пред да настане спорот со нејзиниот работодавач.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, поради отпуштањата кои се случуваа во тој период, реши да не презема ништо – освен, уште еднаш, да ги информира претпоставените дека треба да има дополнителна пресметка на додатокот на нето-плата за признат работен стаж (попознат како надоместок за „минат труд“).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работникот Марјан Ристески од Скопје (сега 45-годишен) беше вработен со договор за работа на неопределено време во Јавното претпријатие за транспорт „Македонски железници“, сообраќаен погон – каде што, само во овој сектор, имаше над 250 вработени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Таа, на секои три или, пак, на секои шест месеци – склучуваше т.е. го продолжуваше договорот за работа на определено време со нејзиниот работодавач.2 Инаку, претходно, веќе имаше остварено повеќе од 13 години работен стаж во печатница – којашто, во неуспешната транзиција, како и многу други велешки претпријатија, отиде под стечај и повторно не проработи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Доколку друштвото е осудено за кривично дело што го прави неподобно за стечаен управник, лиценца за вршење на стечаен управник може да добие по престанувањето на правните последици од осудата (чл. 20, ст.1, 4-5 од ЗС). 5.  Од 1 јануари 2006, секој работодавач кој има над 25 вработени и кај кого процесот на работата се врши на една локација е должен да води електронско евидентирање на полното работно време и на прекувремената работа (чл. 116, ст.7 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Погрешна примена на материјалното право постои кога судот не ја применил одредбата на материјалното право што требало да ја примени или кога таквата одредба не ја применил правилно (чл. 345, ЗПП). 217 Папазова против Градска аптека Спор за неисплатени надоместоци1 Nemo in persequendo vel agendo deteriorem causam, sed meliorem facit (Paul. – D. 50,17,87) Со покренувањето судска постапка никој не [треба да] се доведува себеси во полоша, туку само во подобра позиција Работничката Јелена Папазова од Велес (сега 51-годишна) беше вработена во поранешната јавна Градска аптека „9ти Ноември“ во нејзиниот град – којашто, по приватизацијата, го носеше целосниот назив Приватна здравствена установа „Градска Аптека“ – Струмица, бидејќи сега седиштето на фирмата сега беше заведено во оваа општина.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во ова претпријатие, каде што Н. Н. во својот долгогодишен работен стаж има работено на повеќе, претежно административни позиции (од книговодител, благајник, архивар, преку магационер на терен, комерцијалист, па сѐ до последното работно место – контролор/ евидентичар).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Пред настанувањето на спорот таа веќе имаше остварено работен стаж од 27 години во истата фирма.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Додатоците на платата, пак, се определуваат за посебните услови при работа, коишто произлегуваат од распоредот на работното време – и тоа за: работа во смени, работа во поделено работно време, ноќна работа, работа на дежурство согласно закон, продолжена работа, 222 работа во ден на неделен одмор, работа во празници определени со закон и додаток за работен стаж (чл. 106, ст.3 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По ова таа, во април 1997, поднесе и писмено Барање како и приговор до УО на друштвото, но без успех.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кај казнивите дела против правосудството постои и делото „Поднесување лажни докази“ според кое тој што во постапка пред суд или во управна постапка ќе поднесе докази за кои знае дека се лажни, ќе се казни со затвор од една до три години.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Останатите работници, кои исто така ги добија судските спорови, продолжија да работат во „Алумина“ АД сѐ до навршувањето на 40-годишниот работен стаж. ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работникот С. С. (сега 50-годишен), Македонец од Скопје, беше вработен во Министерството за одбрана на РМ, со договор за ра- бота на неопределено време бр. 04-34/15 од 2002 во Одделението за одбрана Карпош – Сектор за цивилна одбрана и кризен менаџмент и се имаше стекнато со статусот државен службеник.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И. против Електрометал Спор за неисплатени плати и придонеси1 Nullae partes sunt iudicanti in confitentes .
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Странките се господари на спорот [и тие можат да се договараат за спорните работи или, пак, да ги повлекуваат своите барања] (Paul. – Sent. 1,1,5) Работничката Мимоза Вујошевиќ од Скопје (сега 57-годишна) беше во редовен работен однос во Градската синдикална организација Регионален совет – Скопје, а од 1998 година таа се води како вработена во Сојузот на синдикатите на Македонија – бидејќи ССМ, кадешто има околу 70-на вработени, по трансформацијата е правен следбеник на поранешната ГСО – која, пак, се смета за негов конститутивен организациски дел.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Пред настанувањето на работниот спор, Ристески имаше работен стаж од 20 години во истото претпријатие, а според систематизацијата на работните места, работеше како домаќин на објект.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
При одредувањето на отказниот рок и правото на отпремнина се зема предвид работниот стаж кај двајцата работодавачи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Таа, во новата т.е. пререгистрираната фирма, беше вработена со договор за вработување на неопределено време бр. 03-3/22, од август 2005-та2 – три години пред да настане конкретниот работен спор со нејзиниот нов „газда“, иако претходно, во истата аптека, имаше остварен работен стаж од над 25 години, односно таа сиот свој работен век го имаше поминато во истото претпријатие.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со 23 години работен стаж, Марковски, како што ќе видиме подолу, во два наврата – и тоа во јули 2001 и подоцна во јуни 2004 – се решава да покрене приватни судски спорови против својот работодавач, поради серија прекршувања на работничките права.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со истата казна ќе се казни и тој што ќе отстрани или уништи докази што се од значење за постапката пред суд или управната постапка (чл. 366-а, КЗ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Здравствениот работник Р.М. од Скопје (сега 56-годишен) беше вработен во државниот Медицински центар во етнички мешана општина од Западна Македонија, со договор за работа на неопределено работно време.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
2 Во оваа КПУ имаше околу 130 вработени. Пред настанувањето на спорот Зефиќ имаше работен стаж од 23 години т.е во затворот работеше од 1986 година.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По фактичкото прераспределувањето, кое се случи во септември 2002, во пресметките на платата, тој забележа дека ја добива само основната плата без додатокот за минат труд, на што реагирал усно – при што му е одговорено дека настанала некаква „грешка“!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Налогот има дејство на забрана и пренос за наплата (чл. 137, ЗИ). 226 Лозановски против Топлификација Битола Спор поради неисплатена разлика од плата и надоместоци од плата1 Honor honestum decorat, inhonestum notat Честа ги краси чесните, а нечесните ги жигосува! (Publilius Syrus – 225) Работникот Благоја Лозановски од Битола (сега 60-годишен), работеше во „Топлификација Битола“ ДОО – Скопје, со договор за вработување на неопределено време од 2002 до 2008 година, односно тој имаше безмалку пет и пол години стаж во фирмата пред да настане спорот со неговиот работодавач.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Нејзиното работно место беше комерцијалист и, пред да настане конкретниот спор опишан подолу, имаше 14 години работен стаж во истата фирма.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
2 Тој имаше девет месеци работен стаж во таа институција пред да го покрене конкретниот спор опишан подолу.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Исто така, тогашното раководство не се ангажира доволно за развој и пазарен просперитет на оваа фабрика.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работникот Љ.Н. од Скопје (сега 50-годишен) беше вработен со договор за работа на неопределено работно време во „Охис“ АД – Скопје, фабрика од хемиската индустрија со доминантен државен пакет на акции во која, само во неговиот погон, имаше преку 250 вработени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За времетраењето на спорот, по негово барање, имаше изречено „времена мерка“ и на работникот Анчевски му беше исплатувана 50% од вкупната плата за целото времетраење на овој спор.5 Жалбена постапка до повисокиот суд немаше, а пресудата е спроведена доброволно во дадениот париционен рок.6 Вредно за напоменување во овој случај е тоа што работниците меѓу себе имаа изразено чувство за солидарност, пожртвуваност и активизам покажан при организирањето штрајкови поради континуирано доцнење со плати и кршење на работничките права.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работникот Х. Џ. од Скопје (сега 50-годишен) беше вработен со договор за работа на неопределено време во „Охис“ АД – Скопје, фабрика од хемиската индустрија со доминантен државен пакет акции.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, проблемите почнуваат 2002, токму по изминатите пет години, кога менаџерскиот тим на компанијата најавува отпуштање на ¼ од вкупниот број вработени – и тоа по разни основи!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Друштвото доби свој нов газда- сопственик и, само осум месеци по трансформацијата на сопственоста, се јавуваат и првите проблеми при работата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Дежурството во здравствените установи се уредува со прописите од областа на здравството (чл. 118, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во Медицинскиот центар, кадешто имаше над 250 вработени, Р.М. работеше како лекар односно доктор по општа медицина, со работен стаж од 16 години пред настанувањето на работниот спор опишан подолу.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Пред тоа, од 1999 (кога, всушност, е и основано ова претпријатие) до 2002, со повре- мени прекини, работеше во истата фирма, но со договор на дело за кој четиригодишен период нема регулиран работен стаж.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Оваа прилично голема фабри- ка, со преку 250 вработени, а Ангелеска работеше во Секторот за лабораториска анализа, како хемичар во процесот на испитување на млечното производство.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А ако во работната книшка2 не беше заведен овој неколкумесечен период како работен стаж, работничката нема да можеше да биде пријавена во тогашниот Завод за вработување (денешната АВРМ) и да ги ужива правата кои и следуваат по основ на привремена невработеност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На сличен начин се регулира и статусот на невработено лице кое има над 15 години работен стаж на осигурување, а притоа прима паричен надоместок до своето вработување или до настапување на некои од основите за престанување на правото на паричен надоместок.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Исто така, несфатлив и рестриктивен е условот кој пропишува 25 години работен стаж за лицето да може да го добие материјалното обезбедување (чл. 2 ст. 1 ал. 2).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Сега, за работодавецот да стекне право на исплата на средства за она инвалидно лице за кое веќе се исплатени средства од Посебниот фонд, потребно е тоа лице, при своето повторно вработување, да наполни пет години работен стаж.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во ЗОК од 1989 не беше прецизиран никаков лимит во однос на должината на работниот стаж на работниците кога станува збор за правото на купување под повластени услови од нивна страна (купување на интерни акции).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Според Законот од 1993 година корисниците на попустот имаат право да купуваат акции при продажбата на објектите на општествениот стандард кои се продаваат според проценетата вредност со основен попуст од 50% од номиналната вредност на акциите, зголемен за 1% за секоја полна година работен стаж во претпријатието (чл. 27, ЗТПОК).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Значи, сега работодавачот може непречено и легално да отпушта вработени како технолошки вишок, и веќе следниот ден на нивно место да вработи други лица, што – најблаго речено – е неправичен и нехуман гест исклучиво во корист на новите капиталисти и неспособните богати „менаџери“, кои од комунистички директори станаа транзициски олигарси!? в) според ЗРО (1993), утврдувањето на бројот и структурата на работниците што се прогласуваат за технолошки вишок требаше да се изврши запазувајќи одредени критериуми – како, на пример: ефикасното функционирање на работата на работодавецот, стручната подготовка и квалификација на работникот, неговото работно искуство, успешноста при работењето, видот и значењето на работното место, работниот стаж, возраста и други критериуми утврдени во колективен договор (чл. 129 од ЗРО).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Значи, се гледа дека критериумот за добивање испратнина во висина на едномесечна плата повторно беше зголемен – сега, од три на пет години работен стаж, со што дотогаш максималниот износ на можна исплатена сума од осум плати, повторно неосетно, се намали на само шест плати!
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Мало ублажување претставува одредбата според која под работен стаж кај ист работодавец се смета и работниот стаж наполнет кај претходниот работодавец на кој, поради настанатата статусна промена, правен следбеник е последниот работодавец (чл. 10, ЗИДЗРО/апр.03).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Согласно ЗТПОК, корисникот на попустот има право да ги купува акциите, односно уделите со основен попуст од 30% од номиналната вредност, зголемен за 1% за секоја полна година на работен стаж во претпријатието, со тоа што износот на купените акции, односно уделот со попуст не може да го надмине износот од 25.000 германски марки (чл. 26).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Севкупните промени што настанаа во периодот 1993-2005 најдобро можат да се забележат од следната табела: Работен стаж во Максимален број Година години/број на плати на месечни плати 1993 2:1 12 2003 3:1 8 2005 5:1 6 Табела 1: Висина на еднократниот надомест при добивање испратнина Односно, ако во 1993 година на работникот со наполнет работен стаж од 25 години му следуваше испратнина во висина од 12 месечни плати, од 2003 тој имаше право на 8 месечни плати, за од 2005 испрат- нината, во неговиот случај, да биде преполовена на 6 месечни плати!
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Покрај ова, овозможено е утврденото право на плата согласно со овој закон да биде зголемено во случаи на организациони промени кај работодавачот, промени во квалификационата структура на вработените, промени во висина- та на додатокот за работен стаж на вработените, со цел да не дојде до намалување на правото на плата на вработените, по претходно потврдена пресметка од министерот за труд и социјална политика во согласност со министерот за финансии (чл. 2).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)