нивен (прид.) - љубовен (прид.)

Идилата, нивната љубовна идила, како да беше совршена глуварка, што се распрснала при најмал допир со надворешниот воздух.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ете, жива вистина, нели? Нивниот љубовен живот е многу бурен.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Расфрланите непрани работи за Перо беа недоличен декор за нивниот љубовен живот којшто токму поради тоа како да папсуваше; барем така му се чинеше на Перо.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)