негов (прид.) - љубовница (имн.)

Гринавеј е писател- сценарист на сите свои дела. Долгометражните филмови: „Договорот на Цртачот“ (1982), „ЗОО“ (1985), „Стомакот на еден архитект“ (1987), „Давењето по броеви“ (1988), „Готвачот, крадецот и неговата љубовница“ (1990), „Книгите на Просперо“ 1992), „Бебето на Макон“ (1994), направени се со една доследна прецизност, со зачудувачка организација, бизарности и хумор.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Се погодило, велеше дедо, мајорот пезевенк да ти го фатил дедо со некоја негова љубовница муабет да си прави и за малку што офицерот не го скопил...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Авни забрзано возеше кон Драчево, длабоко доживувајќи го, кој знае по кој пат, она што се случи пред десетина дена: смртта на Стерјо, брат на неговата љубовница Сања.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Дали Тулио Бути и неговата љубовница се беа сетиле на него по неколкумесечното свирепо лудување?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ах, нека се смилуваат, нека се сожалат на таа кутра мајка којашто пекаше оддалеку, крадешкум, да ги гледа своите дечиња!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
17. Намерно не ви кажав а ќе ви кажам оти од вас ништо не кријам Дека се случуваше понекогаш да се состават некои парченца Од моите соништа од циклусот за пропаднатите империи И тогаш ќе го видев Цезар како ’рчи Ако не знаевте Цезар се брои како голем светски ’ркач А неговата љубовница Сервилија Цепонис мајката на Брут После ноќното следување бегала во соседната просторија Знаејќи дека Божјиот син спие гласно И дека молежливото опоменување ’рчиш Цезаре не помага И ќе го видев Цезар како плаче како мало дете Кога ќе се разбуди испотен и сам Плаче ту за малку мајчинска нежност ту за капка врело млеко од кобила
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
3. За да се биде забавен во општеството, да се умее да се убива и весело да се минува времето, потребна е само една наука: карти - во најголем број случаи, оваа наука ги заменува сите други науки.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Стравувај ако не играш карти: нема ништо поглупо од млад човек, кој не знаејќи да игра карти е лишен од начинот поволно да ги загуби парите кај господинот или кај неговата љубовница...
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)