негов (прид.) - вечна (имн.)

Чаршијата ќе биде негова вечна асоцијација за разделата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Дедо Димо го јавна коњот и замина в село да го испрати својот пријател, својот драг планински сосед, до неговата вечна куќа, на малите, мирни гробишта над селото.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Каде се изгубил тој Ферат-шеј? Го снемало.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ја снемало и неговата мудрост, неговата вечна готовност да му помогне дури и на песот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Така почнаа да го критикуваат по весниците, само година дена по неговото соединување на архирабинската столица.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А потоа тука беше и таа секогаш присутна сенка на претходникот на Цви, чуварот на архирабинската столица, оној обзирен рабин Хаим Хабиб што и двајцата не го сакаа можеби поради неговата вечна љубезност и секако поради тоа што многумина во заедницата го сметаа за неофицијален главен рабин.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Не можеше да се заборави неговата вечна лекција за комплексноста на идентитетот, посебно на балканскиот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Секогаш победувал Германецот и неговата вечна Германија, кога не се работело само за погранични столбови или наследство, туку за совеста и слободата на совест на неговата најлична бесмртност.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)