Повеќе би сакал да им овозможам на точните етнички и расни контури на геј-културата што се разгледува да се менуваат како што во текот на анализата ќе се менуваат одредени референтни точки.
    Со оглед на тоа што таа анализа ја смета геј-културата за определена од низа генерички практики, таа нужно бара систематски и кохерентен приказ на посебноста на таа култура не според социологијата или антропологијата, туку според најтрадиционалниот метод за опишување на жанровите – односно поетиката.
               
             
           
            
            
              „Како да се биде геј“
               од Дејвид Халперин 
              (2019)