врз (предл.) - твој (прид.)

„Од утре да си сакаш друг бригадир за твојата градежна бригада, чу?!“, со растреперени вилици и како да се наоѓаш под урнатините на твоето најскапо здание, што некогаш си го градел, а тоа сега се уриваше врз тебе, врз твоите раменици, те треснуваше по твоето чело, те толчеше по рацете, по лицето, в очи а, нозете ти беа тешки, како потонати и натрупани до над колениците во тие урнатини.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога ќе се случи тоа ти тогаш ќе можеш да речеш: камен си, светот израстува и врз твоите урнатини...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
II Не бој ми се, море! Врз твојата синина остана птица да кружи Змија се веде на твојот брег И даб, Кора од ветришта црна, храбри Ќе има век, Над сите векови ќе има век!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Врз твојата пепел и мојава нека тежи прими ме! Над сите зла Најцрно ми е Без тебе!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Дете на градите на мајката Загледано во ѕидот на куќата, Девојки скриени во житата со небесни цветови во косите, Црвена светлина што се слуша отаде петровденските камбани, Светулка скаменета на отворена книга во дворот, Коњ што фрчи низ ветерот над реката, Стар часовник што бие меѓу прозорецот и ноќта, Име врежано во каменот на соседот, Бела пеперутка што се буди во тревата, Жнеачка што му шепоти на плодот во неа, Девојка што се крие во душата на темјанушката, Старец што оре со погледот по мапата на татковината, Буква скриена меѓу црешите За да не може да се соопшти зборот што е неопходен, Победници што се плашат од пепелта на поразените, Денот на нејзиното раѓање – меѓу два глужда на црешата, Непрепознатлив глас што шета низ темнината, Младичи што којзнае Од која страна на времето заминаа, Пролетен ветер што тропа врз твојата песна И ти Што сакаш да ме прашаш Уште ли живееш спроти нас, Во пустиот дом на старичката?
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Сѐ зависи од отвореноста кон себеси, од искреноста со која ја прифаќаш или не - вистината која те опкружува и која има големи, крупни очи кои гледаат и отаде невидливото.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Слатки страсни јазици со с'скот врз твоите усни, преполни отров и мед.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Не ќе те доцеди ништо: - под твоето дно - уште едно дно; - врз твојата синина остана птица да кружи - змија се веде на твојот брег и даб, кора од ветришта црна, вести: над сите невекови век, полкови матии непогуби!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)