Секој мој крик Сега е претопен во буква Скаменета и ладна.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
Се вљуби во буквите и во зборовите и сега ти ќе го носиш и нивниот крст.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Мајката имаше на нозете пантофли од син сатен со мали копринени панделки врзани во буква на врвовите.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Сето тело, месото и коските на отец Мида се претвориле во слова, во букви: коските се претвориле во тврди гласови а месото негово во меки гласови.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Но сламка надеж имаше: пречесен отец Мида, кој препис сочинил на записот, онаа вечер, за она кратко време од излегувањето од одајата со умножението до своето чудно полноќно претворање во букви, оставил краток и нејасен запис за она што го видел.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И кога виде Писмородецот, крај мене застанат, дека во буквата сум гледал, се вцрви и тој (Боже, дали и нему таа буква на блудна девојка му личеше, на блудница Вавилонска што те довикува меѓу нозете свои?), светна со окото мрежесто, па зеде и со својот калем ја покри убавината соблазнителна со мастило црно, невидлива ја направи.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Затоа мораат теоретичарите да мислат сè повеќе во броеви, а сè помалку во букви и во слики.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
И покрај ограничениот долготраен развој, мораме при модерното прекодирање на теоретското размислување во букви и броеви да зборуваме за некој духовен пресврт.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Вистинската причина што мислењето во букви му попушти на мислењето во броеви, моаме да ја бараме во недоволната јасност, прецизност и дисциплинираност да нè води до спознание.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Вистинската причина за тоа што мислењето во букви попушти пред мислењето во бројки мораме, значи, да го бараме во недоволната јасност, разбирливост и дисциплинираност.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Поради тоа теоретичарите мораа да почнат да мислат повеќе во бројки, а помалку во букви и слики.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Болката што ја гледа во буквите поминува во неа.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)