штрк (имн.) - ќе (чест.)

Радоста од Силјана се свртела на преголема жал и плач и тогај дури се уверил оти штрк ќе си биде и штрк ќе си умре. – "Ех, кој не слуша татко и мајка, си рекол сам со себе, клетвата го фаќа, нели ме донесе Господ на мојот вилает, не ни е толку жал, чунки овде ќе си умрам".
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Стоејќи еднаш на куќа, ја видел жената му кај ги молзе кравите и од милост на убавите телиња слегол во двор и отишол до телињата да ги помилува ѓоа; арно ама кај го знаеше син му Велко оти штркот Силјан е татко му; Велко си имал едно стапче в раце, и видело оти телињата ги милувал Силјан со клунот, та и свикало на мајка си: „Мајко мори, види го штркот ќе ги јаде со клунот телињата!“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
„Ех, кој не слуша татко и мајка - си рекол сам со себе - клетвата го ваќа, лели ме донесе Господ на мојо виљает не ми е толку жал, чунки овде ќе си умрам“.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Штом ќе изгрееше сонцето, орлите, во јата, ќе јурнеа од сртот на Потковицата спрема Беговски Ливаѓе, а лукавите штркови ќе ги намамеа во блатата, и тука, на земја, ги убиваа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Радоста од Силјана се свртела на преголема жал и плач и тогај дури се уверил оти штрк ќе си бидит и штрк ќе си умрит.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)