сенка (имн.) - ќе (чест.)

Биди горд на она што мина, не оставај никој зад себе што вреди, таков човек секогаш верен ќе ти биде, такво чувство се сретнува ретко, праведен биди, како сенка ќе те следи.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
И сега кога чека повторно... таа се движи по патот на судбината со надеж.. дека сенката ќе ја снема .. дека повторно ќе биде онаа која е, кога е со тебе...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
- На многу убаво место е никнато дрвцето, добра сенка ќе држи, за мила убавина, - мечтаеше стариот. - Како мислиш, Стојче, да го калемиш?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Осама Времето што престанува доколку налик е на она кое веќе одмина тогаш и мојата сенка ќе исчезне како што исчезнале и сите други пред неа и Ти, Господи, ќе продолжиш сам сè до последната сабота на Големите пости, за одново да воскреснеш, и одново пак да се родиш, за одново да Те распнат...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Со лице во сенка ќе сонуваме до мугрите и никогаш заедно нема да се пробудиме.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Не сакам во туѓо тенџере сол да турам, ама ќе ти речам, еден збор, чорбаџи Теодосе: оваа девојка е токму за твој Томче.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: Е, чорбаџи Теодосе, ако те викаат џимрија, има зошто: и на сонцето сенка ќе му најдеш.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Во колоната на сенките ќе бидам и самиот сенка.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Отсега - почна русиот - оваа сенка ќе ти биде под тебе постела, вишно небо над тебе покривач, гора шума - мајка закрилница.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)