невеста (имн.) - ќе (чест.)

Од петокот изутрината, кога првпат ја виде на колјата Панде толку многу се разволнува што не можеше веќе да издржи: сакаше веднаш да излезе момата, да видат родителите, да видат сите, каква невеста ќе одведе во Ресен...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Од овде невеста ќе ја извадам!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Та за шамија... Пак невестата ќе ми даде поубава.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
На овој истиов поп и на кефалијата еден од чифчиите од Букри, им раскажа на Атпазар во Битола, дури ги држеше воловите од бегот што беа за продавање, како нивниот бег сите ги затвора ноќе во кошарите заедно со стоката, некои дури ги врзува за јасли со долга ортома за да можат да им турат сено на коњите и воловите; како наутро ги одврзува за на работа, им удира по десет грбачи да не зборуваат зашто се робови и им ги предава на ќаата кој по углед на бегот и по негова наредба, барем по три пати на ден им удира по десетина-дваесет грбачи; како за мали кривици ги врзува летно време по цел ден за некој дирек или дрво голи и намачкани со мед или маст, да се збираат мувите и осите на нив; како посега на честа на секоја млада жена и девојка што ќе му се допадне, а веќе првата ноќ по венчавањето младата невеста ќе ја преспие со бегот на кулата, тоа си е адет и закон.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во мигот кога невестата ќе го пречекори долниот бабар, гатачот го удира со стап и извикува: „Виде јајце в камара, ти се стори пладнина“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но сепак, ќе треба и ти уште едно оро да изиграш. Невестата ќе треба да ја заиграме...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)