надеж (имн.) - ќе (чест.)

Без борбата ни надеж ќе немавме дека некогаш ќе ни биде подобро.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
И од таа темна гора песни наши, ора ќе се вијат, ќе се веат, надежта ќе сеат. ***
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Но знам дека копнежот и надежта ќе ме донесат до тебе.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не можеме да го прелажеме срцето, таму е љубовта.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Со неа ќе ја откријам лирата со која Ахилес им пееше на своите војници; со неа просторите ќе ги заробам во време и како граница меѓу столетијата ќе ја оставам својата надеж во која – сѐ понатаму ќе се пресоздава и множи; со неа јас ќе одминувам и ќе се враќам во ѕвездите; необјаснивите знаци на луњите и на пустошот, низ надежта ќе ги пресоздадам во тајнопис кој како жесток призив: мртвите ќе ги гледа живи – живите мртви а татковината во мртвите ќе чита свое спасоносно писмо. ***
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)