домаќин (имн.) - ќе (чест.)

- По домаќиниве ќе плиснеме само вода за среќен пат. Никој, разбирате, солза да не пушти.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А кога почнале да товарат во запрегите торби, дисаги и вреќи од испосошиени ненужни крпишта, кога се видело дека на пат се носи пченкарно брашно, пресуво, преслабо и пресолено козјо месо, низи кромид, лук и пиперки, сирење, малку помеко од камен, изварка, сол, ракија, суви овошки и којзнае што, и другите освен старците знаеле дека сѐ е пресметано од порано - сиромаштијата не е без разум и кога е без леб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На Митровден секој домаќин ќе му даде по еден кутел жито.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Да сме домаќини ќе си седиме дома и ќе јадиме шо јадат домаќините, а планината лебами не paѓа леб.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Гостите наседнаа по своите стари места. Стојо седна како што му е редот. Домаќин ќе биде.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И јадоа шест дена маскино месо.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)