добиток (имн.) - ќе (чест.)

„Ако не го фатиме твојот имењак, и ние и нашиот добиток ќе ги оставиме коските во пустинава.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога тие ќе крадеа овошје по градините или зеленчук по бавчите, на него белјата ја фрлаа; и кога ќе врзеа куче и мачка за опашка или кога ќе им врзеа конзерви да тропаат по нив и панично мјаукаа и лаеа низ селото, на него белјата ја фрлаа; кога на селскиот добиток ќе му ставеа коњски муви и стршлени под опашката и тие јуреа и рикаа како бесни низ полето или сокаците, белјата на него ја фрлаа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кај што имаше добиток ќе ку го вјаеше вампирот и ќе му шеташе со него низ дворовите.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Онисифор Проказник: „Што да сторам?“ „Поведи нѐ“ рече Борис Калпак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)