ја (зам.) - работа (имн.)

Фати ја работата со добро, прибери некој и друг селанец да ти помогнат, да го предадат, оти ако го кријат тие, никогаш не ќе го фатиш или убиеш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ах, се разбира, имаше право, ете го, најнапред слаб, речиси слаткаст, потоа полека се згуснува, навалувајќи врз него, предизвикувајќи гадење - „Еј, кој тоа истрела!“ извика Керадер придвижувајќи ја работата.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Чупина, корзо и политика. Дај гледај си ја работата даскалска, златни деца имаш таму“.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
- Ајде, оди, гледај си ја работата, за друго не грижи се, - го успокои дедо Димо.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ќе им се скисне и ним од неговите самоволија, та белким ќе го предадат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Слободно! - одговара учителот не прекинувајќи ја работата.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
- Ти пак за Куршумли ан, а дедо Иване? - Ти гледај си ја работата! - се налути старецот. - Тебе не ти кажувам.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Терај си ја работата, вели, кај нас мнозина се предаваат од глад.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)