таа (зам.) - ваш (прид.)

Па и така да е, тогаш зошто не си барате за таа ваша револуција пролетери, туку не собравте нас простите селани?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
• Ве молам, кажете ми нешто за Скопје во почетокот на осумдесеттите, за Ликовната академија, за таа ваша група луѓе од која произлегоа и групата Зеро и шефови на секти, рокери, дрогераши, бирократи, сценографи, и најмногу имигранти, чинам?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Има ли таа ваша нова влада свои кадри или морате од Буш да позајмувате?“
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Просто се губам кога ми зборувате за таа ваша Логика и нејзините Големи Принципи!
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Од кога датира таа ваша љубов?!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Новинарот: Вистина ли е дека за вас најдобар одмор претставува одењето во вашата семејна гробница?!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Па која е таа ваша перспектива, господине Андреевиќ? (Се отвора главната врата.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Ах, таа ваша Нерка, како мачка со опашка работи низ куќа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Вие сигурно пред малку ја препознавте таа ваша вештерка, зарем не?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Не е таа ваша работа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)