некој (зам.) - значаен (прид.)

Убаво се загледав во фотографијата на која беше претставен амбасадорот, во свечената дипломатска облека, седнат крај камин, во очекување на некоја значајна аудиенција.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во филмот „Давење по броеви“ правот на секој од удавените мажи, во длабочината на водата е следен со некој значаен предмет.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Винстон го знаеше човекот од видување, иако не знаеше ништо повеќе за него освен дека се наоѓа на некоја значајна функција во Одделот за проза.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Прв се огласи замолчениот Камилски: Во просторот на источниот дел на градот постојат белезите на некогашните маала, остатоци од некогашната административна поделба на градовите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Пребаруваа и обајцата во свеста да не останала уште некоја значајна ориентална заемка која и натаму фрагментарно живеела отелотворена во просторот и можела да најде место во нивната конечна листа на (без)опасните турцизми.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Другарката Оливера Срезоска или ќе спроведеше некоја значајна акција, или ќе треснеше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Вели: „За малку и да ѝ подречам нешто на Анастасија па мојата изненада сосема да излезе на виделина.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Си помислив: ова видение свеќите и Господ ми го приготвиле за да ме упатат во некоја значајна вистина".
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)