тресне (гл.) - со (предл.)

Се исклешти и ме тресна со шака по рамо.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не знаеше дека пред тоа треснав со плешки на земја заради истоштеност што почнува кога ќе ти се стори дека колениците ти се испразнуваат и стануваат клобуци од коска ненадејно истанчени пред некое распрснување.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Смеата можеше да му се види со очи: од устата му шибаше коњска пара.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како не го треснаа со мајка ми, покојната, рулчето од земи, додека го држеа в раце?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Еден од оние луѓе ја беше треснал со тупаница Џулија по соларниот плексус, превиткувајќи ја на две, како нож за бричење.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога таа клекнала пред него, тој ја треснал со нозете по лице и ѝ викнал: „Еве осум дни како носам иста кошула, и недела ќе дојде и пак ќе немам бела облека да ставам на себе.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Инвазија!“ возврати Минк. И тресна со вратата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)